Градоначалникот на општина Демир Капија присувствуваше на Отворени Денови 2012 год. во Брисел

Градоначалникот на општина Демир Капија присувствуваше на Отворени Денови 2012 год. во Брисел

Градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев заедно со членови на администарцијата на Локалната самоуправа од 08 до 11 Октомври земаа учество на дел од работилниците на Отворени Денови 2012 година во Брисел.

Во текот на работилниците на 10 та Европска Недела на регионите и градовите се разработуваа темите „Интелигентен и еколошки раст за сите“; „Територијална соработка“; и „Обезбедување на резултати“. Покрај презентациите на овие теми исто така се водеше дебата на кој начин  истите подобро да се спроведат во периодот од 2014/20 година.

Имено овие теми беа разработувани во повеќе работилници. Дел од работилниците на кои што зедоа учество Градоначалникот Трајче Димитриев и вработените во ЕЛС на општина Демир Капија се:

1.Здраво стареење „ Активности за иновации на регионално и локално ниво“;

2.Европска поддршка за обновливата енергија во локално и регионално ниво;

3.Европска поддршка на локално и регионално ниво. Што да се прави? Како да се прави?;

4.Планови за акција за искористување на енергијата во заедниците;

5.Ефикасно финансирање од ЕУ за целите од областа на интернетот до 2020 година односно, како да се искористи синергијата помеѓу инфраструктурата и отварањето на нови инвестициони можности;

6.Ипа-Прекугранична соработка;

7.Кохезиона политика после 2014 година –Можност за вклучување на приватниот сектор.

Посебно внимание се посвети на исполнување на обврската 20/20/20 која наложува: зголемување на произвоството на енергија од обновливи извори за 20%, намалување на производството на стакленички гасови во атмосфетата за 20%  кои што треба да се реализираат до 2020 година, произлезена од Повелбата на Градоначалниците.

Skip to content