Skip links
Explore
Drag

Историја на градот

Историското минато на Демир Капија е поврзано со познатата Демиркаписка клисура, место од кое започнале и завршувале многу воени походи, место кое во различни времиња било граница на повеќе владетели и место кое било седиште на посебни феудални господари кои ја окупирале територијата и владееле со неа. Со доаѓањето на Турците, населбата во тврдината престанала да живее, локалното население било раселено на нова локација на неколку километри северно и се викало село Бања, по топлите водени бањи кои на овој простор постојат уште од античко време. Во исто време, населението било зависно од турските феудалци за нивниот живот и слобода. Борбите за населбата зачестиле и особено се прошириле во 1943 и 1944 година, што придонесе Демир Капија да биде од витално значење за повлекување на германските единици од Грција, поради што населбата била претворена во вистинска тврдина. По ослободувањето, Демир Капија процветала, особено во времето кога населбата била седиште на истоимената општина. Градот и целата општина денес полека но сигурно економски заживуваат и се развиваат според стандардите на новото време..

Креатор на сликите Пепи Пашоев

Креатор на сликата Кристина Николовска

— за демир капија

Географска Положба

Општина Демир Капија се наоѓа во јужниот дел на Македонија, односно југоисточниот дел на Тиквешката Котлина на исклучително важна географско-стратешка положба. Во подредена смисла, под поимот Тиквешија се подразбираат рамнините од двете страни на реката Вардар, познати како Повардарие, почнувајќи малку северозападно од устието на Брегалница во Вардар на југоисток до устието на Бошавица, потоа долината на Црна Река од крајот и од Тиквешката клисура до вливот во реката Вардар, брановидните терени и речните долини кои се наоѓаат помеѓу Црна и Бошавица, како и ниските наклонети делови на планините кои ја заградуваат долината од соседните области. Општина Демир Капија граничи со соседните општини: Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Валандово и Конче. Се граничи со општина Неготино од Црвени рид по вливот на Прждевска река во Вардар и планината Сврачка, продолжува низ рамнината над селото. .

Демографија

Општина Демир Капија има доста разновидна демографија. И во ПДФ Документот подолу можете да ја разгледате во целосни детали.

Креатор на сликата Кристина Николовска

Инфраструктура

— ИНФРАСТРУКТУРНИ СИСТЕМИ

Демир Капија лежи на најзначајната сообраќајна комуникација која ја поврзува западна Европа со Грција, а преку неа со Турција и другите земји од блискиот исток. Тоа се автопатот Е- 75 и железничката линија Париз – Белград – Атина. Преку овие две сообраќајници се одвиваат главно сите стопански и други токови помеѓу наведените земји а посебно истите представуваат и најзначајни туристички артерии. Демир Капија преку регионалниот пат Р – 109 е поврзана со Конопиште – Мушев Гроб – Рожден, со Р – 122 со Пепелиште – Неготино, додека преку стариот макадамски пат Р – 103 со Скопје и Гевгелија.

— ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА

Електроенергетската инфраструктура во општината ја сочинуваат електрочентрала од проточен тип и ХЕЦ „ Дошница“. Демир Капија преку регионалниот пат Р – 109 е поврзана со Конопиште – Мушев Гроб – Рожден, со Р – 122 со Пепелиште – Неготино, додека преку стариот макадамски пат Р – 103 со Скопје и Гевгелија.

Природни Ресурси

Непосредниот релјеф околу Демир Капија има посебно место во развојот на туризмот. Релјефните особености на овој крај од тиквешијата се инзворедни елементи за туристичка атрактивност, како што е Демиркаписката клисура, ретко убавите стени, кањоните на Иберлиската река која се влива во реката Вардар во самата клисура, потоа отворот на тунелот кој што го ствара кањонот на Иберлиската река. Убавините на клисурата представуваат посебна атракција за туристите и минувачите кои се восхитуваат во творештвото на природата. По ослободувањето, Демир Капија процвета, особено во времето кога населбата беше седиште на истоимената општина. Градот и целата општина денес полека но сигурно економски заживуваат и се развиваат според стандардите на новото време.

Клисурата е долга околу 19 км и се наоѓа помеѓу Тиквешката котлина на северозапад и Бојмија на југоисток. Страните и се изградени од модри шкрилци, преку кои лежат слоеви на модра крупна вар со мезозојска старост. Високи се до 1000 м. и се многу стрмни. По ослободувањето, Демир Капија процвета, особено во времето кога населбата беше седиште на истоимената општина. Градот и целата општина денес полека но сигурно економски заживуваат и се развиваат според стандардите на новото време.

Посебен елемент за развој на туризмот представуваат природните реткости на овој крај односно спеолошките природни појави – пештери, создадени во варовничките маси на Демиркаписката клисура. Познати се повеќе пештериод кои поголеми и позначајни се Бела вода и Горни и Долни Змејовец..

Пештерата Бела Вода е расположена покрај стариот пат за Гевгелија. Вкупната должина на пештерските канали изнесува 955 м. Дното на долниот канал постепено се издига, на места се проширува во галерии, а некаде има урнати карпи од таванот, кој го одделува од горниот канал. Горниот канал на некои места има пештерски накит. Долниот канал е млад по својот постанок и по дното има песоци, што укажува на повремен водотек низ пештерата. На крајот на каналот се наоѓа Маргаритно Езеро со пречник од 8 x 12 метри и различна длабочина од 4 до 8м.

Пештерата Змејовец е составена од два дела: едниот дел е поголем со должина од 150 м. и има тркалезна форма а другиот е помал и има 40 м. Пештерата е богата со украсни предмети: драпери, сталактити и сталагмити, со што може да се споредува со Постоинската Јама во Словенија. Отворот на Змејовец е голем, но затоа два и пол километри треба да се оди пеш.

Низ општина Демир Капија поминуваат три значајни реки. Тоа се: Вардар со должина во општината од 24 км., Дошница со должина од 18 км. и Бошава со должина во општината од 15 км.

Крајбрежјето на река Бошава претставува еден прекрасен екосистем. Изобилува со богата флора и фауна во кој преовладува автохтониот дрвен вид Јавор Платан.

Искуството на овој вебсајт е овозможено со колачиња. За добро искуство ве молиме да ги прафатите колачињата.
Skip to content