Ископување на локалитет Грамаѓе во Барово

Јули, 13.07.2012 година

Во тек се археолошки истражувања  на локалитетот „Грамаѓе„ Барово кој што во археологијата се внесува во 1986 година од страна на Проф. Виктор Лилчич раководител на ова истражување извршено во Барово.

Истражувањето е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија додека спроведувачи на истражувањето се Филозофскиот факултет од Скопје во соработка со  Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

„За овогодинешното истражување предвидени се дваесет работни денови со цел да се пронајдат темелите односно основата на храм кој е публикуван и за кој е направена првична реконструкција од страна на Проф. Виктор Лилчич кој ја објавува во својата докторска десертација. Се смета дека делови, односно мермерни елементи се разнесени насекаде од оваа околина. По пронаоѓањето на темелите на храмот следува техничка документација, фотографирање на постоечките делови, а крајната идеја е да се направи 3Д реконструкција за тоа како тој изгледал и каде се наоѓал„, рече Доц. Д-р. Антонио Јакимовски заменик раководител на истражувањето.

Skip to content