Граѓаните во општината одлучуваат за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат согласно со Статутот.
Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа и тоа:
-во градот – урбани заедници;
-во населените места – месни заедници
Граѓаните преку облиците на месната самоуправа се грижат за:
-решавање на прашања од комунална инфраструктура за соодветното подрачје;
-одржување на објектите од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.);
-заштита на животната средина и природата;
-уредување и одржување на гробиштата во селските населби;
-покренување иницијатива за уредување на просторот;
-организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и
-други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.