Набавка на возило за собирање смет

Во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а во рамките на проектот “Одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на ЈКП во општините Лозово, Демир Капија, Неготино и Росоман “, набавено е специјализирано возило за собирање комунален отпад.Договорот за набавката на возилото беше склучен помеѓу Општина Демир Капија и Центарот за развој на Вардарски плански регион, а Општина Демир Капија возилото ќе го предаде на користење на ЈКП “Бошава” Демир Капија.Возилото е марка Мitsubishi Canter и е со капацитет за собирање смет од 8m3.

Skip to content