Одбележан 50 годишен јубилеј на Аматерскиот театар „Мирка Гинова“ во Демир Капија

Во саботата на 13.04.2013 година членовите на Аматерскиот театар  при Домот на Културата Мирка Гинова од Демир Капија го прославија својот 50 Годишен јубилеј. На оваа прослава покрај граѓаните кои се љубители на драмската унетност беа присутни  градоначалникот на општината Демир Капија Трајче Димитриев и преседавачот на советот Петар Мојсов. Со одржаниот говор публиката беше запозната дека Аматерскиот Театар од овој град бил формиран во далечната 1963 година по иницијатива на младинците Мице Пашоевски и Ване Трпковски, со цел  за развивање и унапредување на драмскиот аматеризам ,како и збогатување на културно забавниот живот во општината Демир Капија. Прва претстава на  сцената во Демир Капија била изведена драмата Голфа. За овој изминат временски период во Театарот досега членувале над 650 лица ( ученици, младинци и возрасни). Со нив на сцената во Демир Капија и во повеќе градови ширум нашава земја актерите подготвиле и изведиле над 80 пиеси од домашни и од странски автори. Некои од пиесите актерите од Демир Капија ги подготвувале со помош на професионалните режисери, како што се Мирко Стефановски, Саша Маркус, Борко Зафировски, Васил  Ќортошев, Блаже Славов и други. Со подготвените пиеси Аматерскиот театар Мирка Гинова гостувал во многу градови, а учествувал и на аматерските драмски фестивали во Битола, Велес, Струмица и во  изминативе над две децении на алтернативниот аматерски драмски фестивал во Кочани. Имаат земено учество и на меѓународните драмски фестивали во Софија, Етрополе и во Каварна, во соседна Република Бугарија. Театарот бил добитник на општински, републички и на странски награди и признанија. Пред присутните граѓани говор за педесетгодишниот јубилеј на овој театар одржа и градоначалникот Трајче Димитриев, кој им го честита овој  златен јубилеј на актерите и на  вработените во оваа културна институција, заблагодарувајќи му се  за активноста што ја пројавуваат толку многу години за збогатување на културно забавниот живот во градот и околните населби, а посебно за афирмацијата на општината Демир Капија и на Република Македонија во нашата земја и надвор од неа .На крајот на својот говор градоначалникот рече како досега, така и натаму Локалната самоуправа на Демир Капија, во рамките на своите можност секогаш ќе го поджува театарот за да продолжи да функционира со исто темпо подготвувајки  годишно по две премиерни драми за возрасните и по една детска представа за Учениците.

Во програмата  за прославата на овој јубилеј  учество земаа дваесетина актери претставувајки се пред публиката со инсерти  од подготвени и изведени десетина пиеси. Потем прославата продолжи со посета на музеј галеријата, каде беше отворена изложба на фотографии  од изведените пиеси. Со фотографиите публиката беше запозната кои пиеси биле изведени и кои актери учествувале во изминативе педесет години. Изложбата ја отвори Горан Ѓорев, директор на  Домот на културата Мирка Гинова.Тој рече дека деновиве актерите при овој театар премиерно ќе ја изведат Битовата печалбарска драма Парите се отепувачка од Ристо Крле, а во режија на Томе Атанасов.  А пак, со детската престава убавицата и шумскиот ѕвер ќе продолжат со гостување во  неколку градови во нашава земја.

                                            

Skip to content