Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија врши внатрешна ревизија, согласно закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;

– подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;

– доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот и Советот на општината;

– врши оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на градоначалникот на Општината за намалување  на факторите на ризик;

– врз основа на анализи од работењето, ја утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;

– ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;

– ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на општината.

Skip to content