Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања го контролира спроведувањето на финансиското управување и контрола, спроведува екс-анте и екс-пост финансиска контрола, благајничко работење, подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот.

Исто така го следи целосното и навременото прибирање на приходите, го следи навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за преземање на обврски и извршување на плаќања, подготвува стратешки план и предлог Буџетот за наредната година и повеќегодишните проекции поврзани со буџетот, ја следи усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот, подготвува предлог за изменување и дополнување на буџетот.

Потоа ја подготвува завршната сметка на општината, изготвува Годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатершна финансиска контрола, води евиденција за имотот на општината, утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината, врши и други работи  од областа на финансиското управување и контрола.

Лице за контакт: Евгенија Горѓиев тел. 072-315-345

email: evgenija.gjorgjiev@opstinademirkapija.gov.mk

Годишен план за спречување на корупцијата


Финансиски извештаи 2020

Буџет

Завршни сметки


Финансиски извештаи 2019

Буџет

Завршни сметки


Финансиски извештаи 2018

Буџет

Завршни сметки


Финансиски извештаи 2017

Буџет

Завршни сметки

Skip to content