Одржана деветнаесетата седница на совет на општина Демир Капија.

На ден 23.04.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа деветнаесетата седница на која беа разгледани и усвоени четиринаесет точки од дневниот ред. По разгледувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоен Предлог заклучокот за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за првиот квартал 2019 година, при што се истакна дека вкупните даночни приходи во првиот квартал изнесуваат 2.168.368 денари, а реализацијата на тековно оперативниот биланс на приходната страна изнесува 47.325.068 денари. Вкупните капитални приходи се во износ од 336.972 денари. Тековно оперативните расходи изнесуваат 19.987.648 денари, а вкупните капитални расходи изнесуваат 21.367.195 денари. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Демир Капија за 2019 година со која се утврдуваат општите мерки, целите, планираните активности, финансирањето и извршителите над спроведувањето на програмата при што потребно е превземање на соодветни општи мерки со цел спречување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на заразните болести и на инфекциите. По разгледувањето на третата точка од дневниот ред беше усвоена Програмата за работа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година која има задача за вклучување на родовата перспектива во процесот на проценување на импликации за жените и мажите на секоја планирана акција, вклучувајќи ја легислативата, политиките и програмите, во секоја област и на сите нивоа.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за Детален урбанистички план за Винарска визба “Винарија ГАМА“ Општина Демир Капија, плански период (2018-2023), со површина на плански опфат (4,68 Ха), изработен од „Студио Атриум“ ДОО-Штип од декември 2018 година, во согласност со член 39 од законот за просторно и урбанистичко планирање и правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови.По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за одредување земјиште за привремено кампирање во рамките на следните граници –КП.бр.5017/1,КП.бр.5017/2,КП.бр.5017/3, КП.бр.5017/4, КП.бр.5017/5, КП.бр.5017/6 за КО Демир Капија.Земјиштето од став 1 е сопственост на ДТАПРУ РОКЛЕНД ДОО Демир Капија, а отстапено на користење на ДОО Карпи за секој од Демир Капија.Шестата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување одлука за збратимување на Општина Демир Капија со Општина Паредеш од Р.Португалија, со Општина Гвадасуар од Р.Шпанија, со општина Виареџо од Р.Италија и со Општина Лежа од Р.Албанија.Потоа се премина на седмата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност за општина Д. Капија.Со донесувањето на оваа одлука отпочнуваат активностите за редовно ажурирање на процената на загрозеност за општина Демир Капија, координирани од страна на надлежниот регионален центар.По разгледувањето на осмата точка беше донесена Одлука за плаќање на рати на заостанат неплатен даночен долг при што на граѓаните им се овозможува при исполнувањето на даночните обврски ( данок на имот, данок на наследство и подарок, данок на промет на недвижности, фирмарина), даночните обврзници правни и физички лица кои имаат неплатен заостанат долг спрема Општина Демир Капија, како ни неплатен заостанат долг спрема ЈКП БОШАВА Демир Капија, истиот спогодбено да се плати на рати.Деветата и десетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување Решение за давање согласност на Финансов извештај по Годишната сметка на јавното претпријатие за комунални работи “Бошава“ Демир Капија за 2018 година и Решение за давање согласност на Годишен извештај за работењето на јавното претпријатие за комунални работи “Бошава“ Демир Капија за 2018 година.Единаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на донесување Заклучок за усвојување на Годишен извештај за јавна чистота во град Демир Капија за 2018 година.По разгледувањето на дванаесетата точка од дневниот ред беше усвоен Заклучок на Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2018 година, при што се истакна дека во претходната година преку ЦРВПР општина Демир Капија има добиено повеќе проекти и тоа : Изградба на комунална инфраструктура во Етно – винско село Клисура, село Клисура ( II фаза водоснабдување ) кој е веќе имплементиран, проектот – Создавање на услови за ново сообраќајно поврзување со автопат Е – 75 преку доизградба на анекс на клучка кој е во фаза на имплементација и проект Подобрување на животната средина преку пејсажно и комунално уредување на крајбрежјето на река Бошавица кој е во фаза на евалуација.Потоа се премина на тринаесетата точка на која беше усвоен Заклучок на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2018 година донесен на седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот Лазар Петров.

Skip to content