Одржана 22 седница на Совет на општина Демир Капија.

На ден 28.06.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 22 седница на која беа разгледани и усвоени девет точки од дневниот ред. По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2019 година во глава IV. Донесување на урбанистички план вон населено место се додава нова точка 13 која гласи : Изработка на УПВНМ за изградба на Г2 – лесна индустрија и Е2 – комунална супраструктура (фотоволтна централа ) кп.бр.42 и кп.бр 43 м.в. Вировите, КО Корешница, општина Демир Капија. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Неготино, Општина Кавадарци, Општина Росоман и Општина Демир Капија поднесена од Градоначалникот на Општина Демир Капија за реализација на проект од регионален карактер – изградба на акумулација Бучевник на река Дошница.Третата точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одредување земјиште за привремено кампирање со која се менува членот 2 и земјиштето од член 1 на оваа одлука ќе се користи за привремено кампирање за период од една година сметано од 01.05.2019 година со цел да се продолжи промовирањето на Демир Капија и развивање на алтернативен туризам, а исто така и за привлекување на нови категории на гости во нашето подрачје.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2019 година. По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше усвоено Решение за давање согласност на Правилник за внатрешна организација и Правилник за систематизација на работните места во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија кои се донесени од управниот одбор на установата.Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП БОШАВА Демир Капија. Седмата точка од дневниот ред исто така беше усвоена а се однесуваше на донесување Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ Дом на култура “Мирка Гинова“ Демир Капија. По разгледувањето на осмата точка од дневниот ред беше донесено Решение за одобрување финансиски средства за организирање на традиционален ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ Бистренци за 2019 година кој е во организација на Месната заедница с.Бистренци и Организациониот одбор на турнирот.Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 30.000,00 денари , како финансиско учество за покривање на трошоците за организацијата на турнирот.Седницата заврши со советнички прашања.

Skip to content