Одржана 35 седница на Советот на општина Демир Капија

Вчера советот на општина Демир Капија ја одржа 35 по ред седница на која советниците разгледаа и донесоа повеќе предлог одлуки и решенија.

На вчерашната општинска седница советниците од општина Демир Капија водеа расправа по 20 точки од дневниот ред. Беа разгледани и усвоени повеќе предлог одлуки и решенија кои се корисни за сите жители на оваа општина .

На седницата се зборуваше за измена и дополнување на општинскиот буџет за оваа година. Исто така се водеше расправа и беа усвоени предложени предлог одлуки за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши вклопување на бесправни изградени објекти, потоа за ослободување од плаќање надоместок на уредување на градежно земјиште, одлука за одобрување на проект за вршење на реконструкција на локалниот пат за селото прждево, одлука за давање на деловна просторија од објектот на Пензионерскиот дом, одлука за уредување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација, одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се однесува за деновите кога ќе се одржува панаѓур во Демир Капија. Покрај овие одлуки, советниците водеа разговор и по предлог одлуките за одобрување на средства за реконструкција на старата училишна зграда, одлука за давање на согласниост за издавање под закуп недвижен имот, потоа за давање согласност и овластување за потпишување на договор за преземање на долг помеѓу Домот на културата „Мирка Гинова“, општина Демир Капија и Дуки Дасо ДООЕЛ од Неготино, одлука за формирање на општински совет за превенција и одлука за склучување на договор за користење на недвижен имот.

Советниците водеа расправа и по предлог решенијата кои се однесуваа за доделување финансиски средства на спортски клуб „Богородица“ кој што ќе го организира турнирот во мал фудбал а исто така беа разгледани и усвоени решенијата општина Демир Капија да додели финансиска помош на црквата „Света Богородица“ за изградба на нова лимена кровна реконструкција и парична помош за реконструкција на црквата во село Барово. По разгледувањето и усвојувањето на предлог програмата за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во Демир Капија, беа разгледани и одобрени  и неколку доставени барања од жителите на општината.

Skip to content