Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија

Општина Демир Капија во наредните 6 месеци ќе ги реализира актиностите од проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија”. Овој проект, Општина Демир Капија ќе го реализира во рамките на програмата Општинско – корисна работа и во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Исполнувањето на главната цел на оваа програма “Од граѓаните за граѓаните” започна да  се реализира со  потпишување на договори за работно ангажирање на четири невработени лица. Невработените лица, ангажирани во проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија” за време на својот шест месечен ангажман ќе помагаат во воспитно-згрижувачкиот процес на над 100 децата во детската градинка “ Борис Трајковски ” во Демир Капија и населените места, затоа што во тек е создавање на услови за отворање на клон на детската градинка во с.Корешница и објект за ран детски развој во с.Бистренци. Детската градинка е партнер институција на Општина Демир Капија во овој проект и преку овој проект на невработените лица ќе им се подобрат можностите за појавување на пазарот на трудот и ќе се подобри услугата на детската градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Skip to content