Поставен камен темелник за реконструкција на водоводна мрежа

Денес во во Демир Капија беше поставен камен темелник за реконструкција на водоводната мрежа , во должина од 8558 метри.
Реконструкцијата предвидува замена на азбестните цевки со нови полиетиленски цевки за водовод, како и зголемување на профилите на водоводните цевки во мрежата.
Главна цел на овој проект ќе биде да се обезбеди секој дел на градот во секое време, да има квалитетна вода за пиење со соодветен притисок и со доволна количина на вода за хидранти во случај на пожар.
Проектот е финансиран од Европската Инвестициона Банка ( ЕИБ) во висина од 336.894 евра обезбедени преку Министерството за Транспорт и Врски и со дополнителни финансиски средства обезбедени од Буџетот на Општина Демир Капија во висина 1.500.000 денари.
Со овој проект, ќе се создадат подобри услови за зачувување на здравјето на граѓаните и се создава почиста и поздрава животна средина.

Skip to content