Поставување на ограда и влезни порти на училиштето и музејот

Поставување на ограда и влезни порти на училиштето и музејот

Општина Демир Капија во соработка со основното општинско училиште Димче Ангелов Габерот од Демир Капија започна активности за довршување на проектот за оградување на основното училиште.Со изградба на бетонски ѕид и со поставување на кована железна ограда училишниот двор беше заштитен од трите страни.Останаа незавршени градежните работи само од предниот дел на училишната зграда спрема улицата Маршал Тито. Ќе се настојува во најскоро време да завршат градежните работи и на предната страна каде што се наоѓа влезната порта, а ќе биде изградена и градска чешма за вода за пиење.Градежните работи се во полн ек.На бетонираните округли и поплочени ѕидови веќе е поставена метална ограда од ковано железо во должина од 33 метри, а ќе бидат поставени и влезни порти на училиштето и музејот.Ќе се изврши и поплочување на градската чешма со гранитни плочи, а ќе се изработат и рељефи на Света Богородица и Свети Трифун на мермерни плочи.Со целосното реализирање на овој проект градот Демир Капија, а посебно музејската и училишната зграда ќе добијат поубав изглед како за граѓаните на Демир Капија, така и за гостите и туристите,кои секојдневно допатуваат да го посетат Музејот и природните убавини во градот и околината.

Skip to content