По четврти пат одржан фестивал за качување во Демир Kапија

Годинава општина Демир Капија беше домаќин на четвртиот по ред качувачки фестивал што се одржа на 12, 13 и 14 Октомври 2012 година, во живописната Демиркаписка клисура. Инаку, организатор на овој алпинистички качувачки фестивал се македонската спортска качувачка федерација во соработка со општина Демир Капија. На овој спортски фестивал учевство земаа 58 качувачи. Покрај алпинисти од нашата земја се натпреваруваа и учесници од Србија, Германија, Америка и Русија.

По завршувањето на натпреварите во домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија, се прогласија најдобрите натпреварувачи а притоа им беа доделени и награди. Пред доделувањето на наградите Градоначалникот Трајче Димитриев им се обрати на учесниците алпинисти кој им се заблагодари за учевството и за постигнатиот успех и со надеж дека од година на година ќе имаме се повеќе качувачи како од нашата земја така и од цела Европа.

Skip to content