Реконзервација и ревитализација на ранохристијанска базилика

Врз основа на покренатата иницијатива во 2011 година на Музеј Демир Капија со поддршка на општина Демир Капија, деновиве започна реализација на проектот  за реконзервација и ревитализација на ранохристијанска базилика и нејзина целосна заштита.

Оваа базилика датира од шести век од новата ера. Во текот на овој период храмот е урнат но во деветиот век повторно се обновува. Во шеснаесетиот век базиликата повторно е растргната од страна на турците и престанува да постои како храм.

По големите истражувања на академик Проф. Др. Блага Алексова 1952-1956 година ранохристијанската базилика во Демир Капија е прогласена за споменик на Република Македонија.

Целта на реализацијата на овој проект е да се заштити ранохристијанската базилика како и да привлече поголем број на туристи.

Skip to content