Реконструкција на улица Даме Груев и изградба на мини плоштад

Реконструкција на улица Даме Груев и изградба на мини плоштад

Деновиве во Демир Капија заврши реконструкцијата на улица Даме Груев како и изградба на мини плоштад на истоимената улица. Реконструкцијата опфаќаше асфалтирање  на улиците  Даме Груев крак 1 во должина од 180 м., Даме Груев крак 2 во должина од 320 м. и Тиквешка 2 во должина 186 м. Мини плоштадот е изграден на површина од 250м ². Во склоп на плоштадоте е изградена фонтана, детско игралиште и мини бина.

Имено овој проект е подржан од програмата „Форуми во заедницата“. Главна цел на програмата „Форуми во заедницата“ е да се подржи развојот на заедниците на локално ниво се со цел да се подобри животот на населението, со сопствени идеи и учество, како и административно развивање со партиципативно и одговорно владеење на кое ќе му се верува. Програмата се состоеше од пет форумски сесии на кои граѓаните ги формираа проектните идеи, гласаа и донесоа одлука кој проект ќе се спроведе.

Проектот „Асфалтирање на ул. Даме Груев и уредување на мини плоштад“ доби најголема поддршка од учесниците на петте одржани форумските сесии.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 5.257.290.00 денари обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и општина Демир Капија.

Skip to content