Соопштение за пријава на штета од пролетни измрзнувања

Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од пролетните измрзнувања дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на општина Демир Капија секој работен ден од 08.30 до 13.00 часот, во периодот од 05.05.2021година (среда), до 11.05.2021 год. (вторник).

Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциона сметка и копија од имотен лист.

Skip to content