Јавна расправа по нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на Генерален Урбанистички План на Град Демир Капија, општина Демир Капија

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 164/12 93/13, 163/13, 42/14, 44/15, 192/15, 39/16, и 99/18), како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 147/11), Министерот на Министерство за транспорт и врски организира

 

ЈАВНА РАСПРАВА ПО

Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на Генерален Урбанистички План на Град Демир Капија, општина Демир Капија

 

Јавната презентација на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи на ден 27.02.2023 година (понеделник) во 11:00 часот, во просториите на општина Демир Капија.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина е изложен на јавен увид на web страната на Министерството за транспорт и врски http://mtc.gov.mk/Sozzs/Natsrt-izveshtaj-za-Strategiska-otsena-na-zhivotnata-sredina-za-Generalen-Urbanistichki-plan-na-Grad-Demir-Kapija-vo-opshtina-Demir-Kapija 

Заинтерисираните граѓани и правни лица можат да учествуваат во Јавната Расправа, а за време на јавниот увид на Извештајот за стратегиска оцена кој е објавен на web страната на Министерството за транспорт и врски ќе можат да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења.

Сите забелешки засегната јавност може да ги доставува по електронски пат или по пошта до Министерството за транспорт и врски.

 

МИНИСТЕР

      БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ

Skip to content