Во Демир Kапија се вршат подготовки за отварање на тренинг центар за туристички самоодржлив развој финансиран од страна на ИПА фондовите за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Една од подготвителните активности е и изработување на 5 годишен акционен план и прирачник за работа на центарот како и 10 модули кои ќе бидат имплементирани.
За таа цел е ангажирана консултантската фирма Глобал Проект Консалтинг, со експертите:
1. Проф. Сашо Коруновски, Декан на факултетот за туризам и угостителство, Охрид
2. Проф.Науме Мариновски
3. Проф. Цветко Андреевски
4. Проф. Ангела Василеска
5. М-р Ана Ефремова
За време на изминатиот викенд тимот на Глобал Проект ја посети околината на Демир Капија со цел да се извршат првични согледувања како и да се изнајдат можните показатели за развој на туризмот. Во рамките на проектот беа утврдени просторни целини во кои ќе се обликува центарот за развој на туризмот. Првичните гледишта на тимот, погледнувајќи ја клисурата одблиску,долината на реката Вардар, посетата на село Клисура, потоа пештерата Бела Вода, рибникот Дошница како и други потенцијали за развојот на туризмот придонесоа да произлезат многу идеи и форми за развој на транзитен туризам, културен и рурален туризам, кампинг можности како и изградба на хотелски комплекси на теренот на Дошница и многу други идеи за развој на туризмот.