Градоначалник

Надлежности на градоначалникот:

  • Ја претставува и застапува општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  • Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  • Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани  на општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • Го извршува буџетот на општината;
  • Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  • Решава во управи работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  • Донесува правилник за ситематизација на работните места на општинската администрација;
  • Раководи со општинската администрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
  • Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
Skip to content