Проектот за промена на постоечкото осветлување во Централното општинско основно училиште „ Димче Ангелов Габерот“ од Демир Капија е завршен. Целта на овој проект е постигнување на поголема мерка на Енергетската ефикасност и е реализиран преку Вардарски Плански Регион. Со завршувањето на активностите направена е промена на старото оветлување во објектот со нови енергетски ефикасни светилки. Тоа значи дека фотометриските перформанси се задоволени при што се остварува заштеда на електрична енергија и до 30% поставени се нови стандардни затворени светлечки арматури при што е зголемена и безбедноста на учениците.
Со реализирањето на проекти од полето на енергетиката општина Демир Капија започнува да го достигнува епитетот енергетски ефикасна општина.