Започна реконструкцијата на локалниот пат Корешница – Челевец во должина од 1 км.

Реконструкцијата на патот опфаќа проширување на дел од патот, тампонирање, асфалтирање со широчина на коловозот од 3,5 м. и изработка на банкини од двете страни на коловозот од по 0,5 м. изработка на канавки за одводнување на атмосферски води и санација на пропусти.

Дел од средствата за реконструкцијата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка и рурален развој од програмата за 2011 година и тоа за мерката „Подобрување на квалитетот на животот во руралните средини“.

Вкупната вредност на инвестицијата е четири милиони денари од кои 70% се обезбедени од агенцијата за развој а 30% од општина Демир Капија.      Градежните работи се во тек и се планира да бидат завршени до крајот на месец Септември.

                                               

Skip to content