„НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА СВ. ТРИФУН 2019 ГОДИНА“ ДЕМИР КАПИЈА

 

11.02.2019 – Понеделник – 12 часот

Подигнување на фестивалско знаме

Официјалниот почеток на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2019 година“ – Демир Капија се означува со подигнување на фестивалското знаме во центарот на Демир Капија во 12 часот на пладне, при што настанот е проследен со пригодна програма во чест на Св. Трифун, подготвена во соработка со О.О.У “ Димче Ангелов- Габерот” од Демир Капија.

12.02.2019 – Вторник

– Натпревар во најдобра домашна ракија
– Натпревар во закројување на винова лоза
– Натпревар во најдобро домашно вино

Натпреварите за најдобра домашна ракија и најдобро домашно вино започнуваат во 10 часот и се спроведуваат во просториите на општина Демир Капија. Оценувањето на квалитетот го врши комисија составена од енолози со признато искуство.
Натпреварот во закројување на винова лоза се релаизира на лозов насад и ќе започне во 14 часот, а оценувањето на извршеното закројување (техника и брзина) го извршува комисија составена од агрономи.

12.02.2019 – Вторник – 19 часот

Во соработка со Дом на Култура “Мирка Гинова” во Музеј Демир Капија ќе се одржи културна вечер со џез настап на студенти од Музичката академија при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип и отворање на изложба со дела од Лесновската ликовна колонија. Културната вечер ќе започне во 19 часот.
Поставката со дела од Лесновската колонија ќе може да се види и во наредните денови, како и на 14ти Февруари, Св. Трифун.

13.02.2019 – Среда – 17 часот

Едукативна трибина
“Лозарството и агротуризмот”
Организирањето на трибината е со цел – информирање на лозарите како да го прошират своето работење со вклучување на туризмот, како дополнителна дејност и можност за поголема заработувачка.
На трибината гости говорници ќе бидат:
– професор д-р. Оливер Филиповски – Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип
– професор д-р. Дејан Методијески – Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип
– професор д-р. Георги Мичев од Бугарија – Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип
– г. Љупчо Јаневски – директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија
На трибината ќе бидат презентирани успешни, регионални примери од вклучувањето на лозарството во агротуризмот и како активностите во лозарството можат да се искористат за туристичка понуда. Исто така ќе се разговара и за воспоставување на соработка помеѓу лозарите и останатите чинители во туризмот од Демир Капија. На трибината ќе бидат соопштени резултатите од одржаните натпревари за најдобро домашно вино, најдобра домашна ракија и најдобар закројувач.

14.02.2019 – Четврток

10: 00 часот- Плоштад Демир Капија

Културно уметничка програма – Марјан Георгиевски – водител на програмата
• Старт на велосипедска тура
• Настап на пеачка група при Здружението на пензионери Демир Капија
• Настап на КУД Мирка Гинова – Демир Капија
• Настап на ДаКапо БЕНД
• Настап на национален ансамбл МАКЕДОНИЈА
12:30 часот – Церемонијално закројување на винова лоза од страна на Градоначалникот и почесен гостин. Доделување на награди и признанија за најуспешните натпреварувачи во трите натревари.
• Настап на група ЉУБОЈНА,

Придружни активности на плоштад

11:00-14:00 – МастерКлас за подготовка на храна со вино на отворено на плоштад со готвачите:
1. Елена Сотирова – Ресторан ”Пастел”
2. Бобан Симоновски – Ресторан Еквалибриум, Macedonian multi ethnic culinary chefs MMCC
3. Петар Станојевиќ – World Association of Master Chefs

10:00-15:00 – Базар на вино, ракотворби и традиционални производи

Skip to content