На ден 28.02.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа осумнаесетата седница на која беа разгледани и усвоени петнаесет точки од дневниот ред.Седницата започна со разгледување и усвојување на записниците од одржаната шеснаесета и седумнаесета седница.По разгледувањето на првата точка од дневниот ред беше усвоена Завршната сметка на Буџетот на општина Демир Капија за 2018 година за која образложение даде Евгенија Ѓорѓиев раководител на сектор за финансиски прашања, која ја презентираше Завршната сметка за 2018 година чија реализација изнесува 79.265.583,00 денари на приходната страна, а расходите изнесуваат 77.955.030,00 денари или вкупната реализација на буџетот изнесува 45%. Потоа се премина на втората точка на која беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај на Буџетот на општина Демир Капија за 2018 година.Третата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2019 година по укажување на Министерството за финансии заради промена на бодот за плати на државните службеници. По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред се донесе Одлука за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општинските јавни патишта и тоа за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас, приклучување на пристапен пат на општински пат, поставување на инсталации во трупот на патот, во патниот и заштитниот појас, изградба и користење на комерцијални објекти на кои е дозволен пристап на општински пат надвор од населено место,прекумерно користење на општински пат и улици, вонреден превоз и штета сторена на општинскиот пат и улици и објектите на патот.Потоа се премина на петата точка од дневниот ред на која беше усвоен Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на општина Демир Капија за 2020 година во кој се регулираат роковите на планирањето на општинскиот буџет.Шестата точка од дневниот ред по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2019 година и тоа во Донесувањето на детални урбанистички планови се додава нова точка која гласи Измена и дополна на дел од ДУП за зона за домување во Демир Капија (помеѓу улица 11 октомври и зона за спортски терени) и донесување на урбанистички план вон населено место се додава нова точка 12 која гласи изработка на УПВНМ за изградба на Г2-лесна индустрија и Е2-комунална супраструктура (фотоволтна централа), месноста викана Удавник КО Бистренци ,општина Демир Капија.По разгледувањето на седмата точка беше усвоен Акционен план за енергетска ефикасност на општина Демир Капија за 2019 година со кој треба да се спроведат мерките за енергетска ефикасност предвидени во Програмата за енергетска ефикасност на општините и е законска обврска која произлегува од Законот за енергетика.Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решение за давање согласност за формирање на групи со поголем број на деца во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија и тоа Воспитна група до 2 години – зголемување на број на деца за 8, комбинирана група од 2 до 3 и 3 до 4 години – зголемување на број на деца за 10 и Хетерогена група од 3 до 4 и од 4 до 5 години – зголемување на број на деца за 12. По разгледувањето на деветата точка на која образложение даде директорот Зоран Димов беше донесен Заклучокот за усвојување на Годишниот финансов извештај по Завршна сметка на ЈОУДГ-Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ – Демир Капија за 2018 година.Десетата и единасетата точка по образложението на директорката Ордана Николова исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај по Завршна сметка на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2018 година и Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работата на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2018 година.По разгледувањето на дванаесетата точка и по образложението на директорката Менче Николова беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај по завршна сметка на ООУ“Димче А.Габерот“Демир Капија за 2018 година.Потоа се премина на тринаеаетата точка и по образложението дадено од страна на Тони Петков, раководител на Сектор за урбанизам,комунални дејности,заштита на животната средина и ЛЕР беше донесена Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог-проектот “Изградба на улици бр.1 и бр.2 во с.Корешница со која се дава согласност за сопствено учество и за обезбедени 50 посто или 3.007.117,50 денари со ДДВ, од потребните средства за реализација од Бирото за регионален развој.По разгледувањето на четиринаесетата точка и даденото образложение од градоначалникот за проектот “Реконструкција и надградба на Дом на култура“ беше донесена Одлука за поништување на одлуки со која се поништуваат Одлуката за давање согласност за склучување договор за уредување на меѓусебни права и обврски за стекнување право на сопственост на дел од објект бр.08-220/3 од 17.03.2017 и Одлуката за давање согласност за склучување на договор за уредување на права и обврски за стекнување право на сопственост на општина Демир Капија на дел од објект бр.08-327/5 0д 28.04.2017 година. По разгледувањето на петнаесетата точка беше донесено Решение за одобрување за исплата на финансиски средства заради настаната вонредна состојба предизвикана од големите снежни врнежи која ја зафати територијата на општина Демир Капија и се одобрува исплата на финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за дополнително ангажирано лице со сопствена механизација за пробивање и расчистување на локалните патишта кои водат до селата во општината. Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот Лазар Петров.