Советот на општина Демир Капија ја одржа дваесет и првата седница на која беа разгледани и усвоени осум точки од дневниот ред. По разгледувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која Советот на оптшина Демир Капија одобрува финансиски средства во висина ОД 1.096.677,00 денари за кофинансирање на Проектот “Создавање услови за ново сообраќајно поврзување со автопатот Е-75 преку доизградба на анекс на клучка, општина Демир Капија, со кои средства треба да се надоместат непредвидените работи кои што со основниот договор не се опфатени, а треба да се изведат за реализација на проектот. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена одлука за давање согласност за аплицирање на Предлог проект “Подобар социо-културен живот со инклузивен импакт кон сите групи на жители“.Со оваа одлука се дава согласност за поднесување на апликација за предлог проектот – Подобар социо – културен живот со иклузивен импакт кон сите групи на жители во повикот за инфраструктурни проекти во рамките на Нордиската помош, подржана од Кралската амбасада на Норвешка во Белград и Кралството Шведска.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2020 година на ООУ “Димче А.Габерот“ Демир Капија, изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоено Решението за давање Согласност на Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП БОШАВА Демир Капија усвоена од управниот одбор на ЈКП Бошава на одржаната седница на 29.05.2019 година.По разгледувањето на петата точка беше усвоено Решение за давање Согласност на Правилникот за плати на вработените во ЈКП БОШАВА Демир Капија кое исто така е усвоено од Управниот одбор на ЈКП Бошава од Демир Капија на одржаната седница.Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решението за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈКП “Бошава“ Демир Капија за периодот од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година кој исто така е усвоен од Управниот одбор на оваа претпријатие. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.