Вчера советот на општина Демир Капија ја одржа триесет и седмата по ред седница на која советниците водеа расправа по седум точки од дневниот ред. По разгледувањето и усвојувањето на Записникот од последната одржана триесет и шеста седница, се помина по првата точка која се однесуваше за предлог дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за подрачјето на општина Демир Капија. Пред да се вклучат советниците во расправа по оваа точка, како и по предлог одлуката за утврдување на потреба од донесување на урбанистичка планска документација со кое ќе се изврши вклопување на бесправен објект изграден надвор од планскиот опфат во село Бистренци, образложение дадоа архитектот Тони Петков и градоначалникот Трајче Димитриев. Стана збор и за изработка на урбанистички план вон населеното место за каменолом Јаворица, потоа за вон населеното место „Краста“ кај Корешница, за сепарацијата во месноста „Врежот“ кај селото Бистренци и за изградба на сончеви централи во месноста Велико Брдо кај Демир Капија.
По освојувањето на Програмата и одлуката, советниците водеа расправа и по третата точка која се однесуваше за предлог одлуката за давање на согласност за користење на простор за поставување на подготвителни работи на спортското игралиште, кое од поодамна не се користи.
На седницата која што ја водеше пртедседавачот на советот Петар Мојсов советниците водеа расправа и по разгледувањето на предлог решението за разрешување и именување на двајца представници во Училишниот одбор при Општинското О.У. „Димче Ангелов Габерот“ во Демир Капија. По дискусијата по оваа точка од дневниот ред, советниците решија и натаму за членови да останат Валентина Крстева и Менче Николова, бидејки не им е изминат временскиот рок да бидат членови на Училишниот одбор.
Седницата заврши со разгледување и одобрување на парична помош на две заслужни лиуца, како и со неколку советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот.