Официјално започнување на проeктот „ЦЕНЕТ“ Центар за едукација и вмрежување во туризмот

Вчера 28.05.2012 година во општина Демир Капија во просториите на општината беше потпишан партнерскиот договор од страна на градоначалникот на Демир Капија Трајче Демитриев и претседателот на Стопанската комора на Лерин – Флорина Сапалидис Савас во рамките на ИПА програмата за меѓугранична соработка на Република Македонија и Република Грција. Овој проектот е финансиран од средствата на Европската Унија и е во висина од 332 366 евра.

Пред самото потпишување на договорот проектот „ЦЕНЕТ“ беше презентиран во просториите на Винаријата „Еленови“ од страна на Проект Менаџер на проектот Јован Јованов, кој воедно најави дека за потребите на центарот ќе се изврши реконструкција на старата училишна зграда во центарот на општина Демир Капија со целосно ново опремување.

Овој тренинг центар ќе биде прв центар од ваков вид во регионот, но и во државата. Со неговото отварање и ставање во функција ќе се овозможи едукација на сите оние кои што се заинтересирани да работат во туризмот и угостителството. Исто така центарот ќе овозможи и пружи услуга на оние кои веќе работат во туризмот и угостителството а сакаат да се усовршат и да ги следат светските достигнувања во ова поле.

Овој центар нема да представува само тренинг центар туку и центар за истражување и вмрежување во туризмот . На тој начин овој центар на двата партнера, односно на целиот регион ќе му помогне во креирање на политиките за развој на туризмот и вмрежувањето на двата региони, а исто така и на двете држави во пошироката мрежа на Европските организации и институции.

                           

                           

 

Skip to content