Општина Демир Капија во соработка со Ј.О.УД.Г. Борис Трајковски од Демир Капија успешно ги заврши активностите од проектот Подобрување на квалитетот на живот во населените места во општина Демир Капија “. Проектот беше реализиран во рамките на програмата Општинско корисна работа 2018, финансирана од УНДП и поддржана од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјана политика на Р. Северна Македонија. Во овој проект беа вклучени и ангажирани невработени лица во период од шест месеци во детската градинка. За овој период четирите лица беа ангажирани како неговатили во детската градинка и активно учествуваа во сите активности за згрижување и воспитување на околу 100 деца од предучилишна возраст. Реализацијата на овој проект од Програма за општинско корисна работа 2018 овозможи исполнување на програмското мото ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ, на тој начин што четири невработени лица се стекна со работно искуство и им се подобрија можностите за појавување на пазарот на трудот, се овозможи подобрување на услугите од детската градинка и се овозможи родителите на децата од предучилишна возраст непречено да ги извршуваат работните обврски.