Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Демир Капија аплицираше со под-проекти за Реконструкција на локална улица ˮ11 Октомври ˮ со должина од 158,0м, Реконструкција на локална улица ˮ8 Март ˮ со должина од 143,0м, Реконструкција на локална улица ˮГоце Делчев ˮ со должина од 213,0м и Реконструкција на локална улица ˮМаршал Тито ˮ со должина од 195,0м . Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.
Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.
Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Демир Капија пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.
Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Демир Капија ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.