Вчера во Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија се одржа последната форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“. Главна цел на програмата „Форуми во заедницата е да се подржи развојот на заедниците на локално ниво се со цел да се подобри животот на населението, со сопствени идеи и учество, како и административно развивање со партиципативно и одговорно владеење на кое ќе му се верува. Програмата се состоеше од пет форумски сесии на кои граѓаните ги формираа проектните идеи, гласаа и донесоа одлука кој проект ќе се спроведе.
Проектот „Асфалтирање на улица Даме Груев и уредување на мини плоштад“ доби најголема поддршка од учесниците на петте одржани форумските сесии. Реконструкцијата опфати асфалтирање на улиците Даме Груев крак 1 во должина од 180 м., Даме Груев крак 2 во должина од 320 м. и Тиквешка 2 во должина 186 м. Мини плоштадот е изграден на површина од 250м ². Во склоп на плоштадот се изгради фонтана, детско игралиште и мини бина.
Имплементацијата на проектот се реализираше од Јуни 2012 година до Февруари 2013 година. Средствата беа обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и општина Демир Капија. Воедно на овој ден во присувство на голем дел од населението на свечен начин од страна на градоначалникот Трајче Димитриев и директорот на имплементирачката организација АЛКА беше пуштена во употреба асфалтираната улица Даме Груев како и мини плоштадот.