Реализација на проектот „ЦЕНТАР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“

Благодарение на доброволецот Aeron Weaver представник на Мировниот корпус на САД во Македонија во соработка со општина Демир Капија беа одобрени финансиски средства за спроведување на проектот „ЦЕНТАР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“ кој ќе се наоѓа во состав на музејот на општина Демир Капија.

Деновиве во музејот беше опремен мулимедијалниот простор кој содржи опрема од LCD TV, DVD со озвучување, персонален компјутер и столици.

Целта на овој проект зголемување на развојот на туризмот во општината со зголемување на свеста за археолошките и природните ресурси преку искористување на центарот за презентација.

Од информациите кои ги добивме од проект координаторот Ирена Лазова – Соработник за локален економски развој во општина Демир Капија, отварањето на овој центар за презентација ќе се случи на крајот на Сптември или почетокот  на Октомври при што ќе бидат презентирани  две презентации: “Демир Капија ризница на историското и природното наследство во Македонија” и “Промоција на Демир Капија од областа на археологијата”

.

Skip to content