Викендот во просториите на Општинското основно училиште „Димче Ангелов Габерот“ се одржа петтиот семинар од проектот Ценет на тема „Креирање на вински патишта како туристички производ“. Предавач на семинарот беше Проф. Д-р. Ангела Василевска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Овој тридневен семинар бешепредвиден за општинската администрација и партнерите на општината во проектот Ценет, Стопанската комора на Флорина, Република Грција.
Во рамките на овој модул се даде акцент за значењето на винскиот пат и креирање на вински пат а исто така и кои сегменти ги опфаќа винскиот пат. Покрај ова се зборуваше за карактеристиките и потеклото на виното и колку е тоа важно во креирањето на туристичката понуда. Семинарот во првите два дена се одвиваше со теоретска настава за на крај да заврши со една мала дегустација. Покрај теоретскиот дел во склоп на овој семинар беа посетени винарските визби Попова Кула, Еленови и Стоби при што беше презентиран начинот на производство на вино во нив а исто така рибник Дошница, живинарската фарма Салмак, црквата Св. Богородица во Демир Капија и локалитетот Стоби.