За време на викендот во просториите на ООУ Димче Ангелов Габерот во Демир Капија се одржа третиот бесплатен семинар од проектот Ценет – Центар за едукација и вмрежување во туризмот „Развој, управување и организација на регионална понуда како туристичка дестинација“. Предавач на овој семинар беше д-р Науме Мариноски,професор на Факултетот за туризам во Охрид. Професорот Мариноски даде осврт на Туристичката побарувачка како основна емитивна вредност; Туристичките потреби и туристичката понуда; Туристичките потреби како фактор во креирањето на регионалната туристичка понуда; Дефинисање и значење на туристичките потреби; Социјални и лични туристички потреби на туристичките потреби како и задоволување на потребите; Организациони фактори како креатори на туристичката понуда во туристичката дестинација; Атрактивна основа на туристичката регионална понуда; Форми на вклучување во туристичката понуда; Начини на користење во туристичката понуда; Креирање туристичка понуда со антропогените вредности; Манифестациска туристичка понуда, како и многу други организациски форми кои можат да придонесат за развој на туризмот.