Во просториите на Локалната самоуправа на општина Демир Капија се одржа третиот работен состанок со партнерите на Демир Капија, Стопанска комора на Флорина, Република Грција од проектот „Центар за едукација и вмрежување во туризмот“ ЦЕНЕТ, од ИПА програмата за прекугранична соработка.
За врeме на состанок се разговараше со претседателот на Стопанската комора на Флорина Сапалидис Савас за тековните работи и досегашните постигнувања во проектот ЦЕНЕТ. Исто така се водеше разговор и за активностите кои што треба да се спроведат од страна на Стопанската комора на Флорина.