СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Ве информираме дека Законот за изменување и дополнување на законот за постапување со бесправни објекти е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 155 од 10.12.2012 година и истиот стапи на сила на 17.12.2012 година.

Согласно член 24 од Законот е предвидено следното:

„Барателите кои кон барањето за утврдување на правен статус до влегувањето во сила на овој закон немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект, треба истиот да го достават најдоцна 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, во спротивно надлежниот орган ќе го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект“.

Општина Демир Капија ги повикува граѓаните и фирмите кои немаат доставено Геодетски елаборат тоа да го сторат во законскиот рок, во спротивно ќе се постапуива согласно законот.

Skip to content