Советниците на општината Демир Капија вчерашната седница ја започнаа со разгледување и донесување на решение со кое се констатира престанок на мандат на член на Советот на оваа општина.Станува збор за Јордан Трајков кој на неодамнешните одржани локални избори беше избран за советник на Советот на општината Демир Капија од листата на ДОМ. Потоа се помина на втората точка на која советниците посветија големо внимание по предлог одлуката за измена и дополнување на Општинскиот буџет за оваа година. Пред поставување на прашања од страна на советниците, образложение за Општинскиот буџет даде Миле Лазов претставник од оделението за финансии и буџет од општина Демир Капија.Меѓу другото,тој рече дека според планот вкупните приходи и расходи би требало да изнесуваат над 118 милиони денари,а сега со ребалансот ќе бидат 124 милиони денари.Овие средства се очекува да се остварат од даночни, од неданочни и од капитални приходи, како и приходи од дотации,трансвери и донации.
На вчерашната општинска седница советниците водеа расправа и по предлог планската програма за измена и дополнување на Планската програма за изработка на урбанистички планови во општината Демир Капија за оваа година и по предлог одлуката за давање согласност за склучување на купопродажен договор за стекнување право на сопственост на градежно земјиште.По овие две точки советниците беа запознати од архитектот Тони Петков.Потоа се премина на следната точка од дневниот ред на која се донесе решение за формирање на комисија за јавно здравје за подрачјето на општината Демир Капија која ќе биде составена од пет члена со мандат од четири години во состав од Олгица Сакламаева, Јулијана Гацева, Славица Петрова,Валентина Крстева и Моника Ефтимова. Седницата преседавачот на Советот Петар Мојсов ја прогласи за завршена по разгледувањето на неколку барања од жители на оваа општина.