Улица и спортско игралиште во село Корешница

Во село Корешница завршија активностите за асфалтирање на спортски терен во подрачното училиште. Асфалтирано е игралиште со димензии 18м на 36м со што ќе им се овозможи на младите жители на ова населено место да можат да спортуваат и правилно да се развиваат. Деновиве работниците на Градежното претпријатие Гранит, второто градилиште во Неготино ги завршија градежните работи со асфалтирање на улицата во село Корешница во должина од 900 метри при што се изврши и проширување на постоечката улица од 3,5 на 6 метри од кој 4 метри е асфалтна лента, а од двете страни на улицата се поставени банкини со широчина од по еден метар. При асфалтирањето се поставија четири премини за поставување комунална инфраструктура се изврши и продолжување на постоечкиот пропуст со изработка на влезни и излезни делови преку реката.

                                    

Skip to content