Уредување на парковски површини и поставување на канализациона мрежа

Уредување на парковски површини и поставување на канализациона мрежа

Вработените при Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија, водат постојана грижа за подобрување на комуналната хигиена и за озеленување на околината со цел за заштита на здравјето на населението. Деновиве со средства од буџетот на локалната самоуправа од Демир Капија, на улица „Јане Сандански“ работниците при ЈКП „Бошава“ поставија канализациона мрежа во должина од 240 метри. Исто така беше поставена фекална канализација и водоводна мрежа на улиците 4 и 6 во должина од 215 метри. Покрај овој зафат исто така е извршено уредување на парковски површини на улица „Наум Наумов“.На овој начин со уредување на паркот во чиста и зелена околина граѓаните од Демир Капија ќе можат да го поминуваат своето слободно време.

                                  

Skip to content