Во склоп на ЦЕНЕТ, проект финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка во саботата во Флорина, Република Грција се одржа семинар од страна на Стопанската комора на Флорина. На овој семинар присуствуваше и градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев заедно со представници од општина Демир Капија.
Семинарот го отвори Претседателот на Стопанската комора на Флорина Сапалидис Савас кој истакна дека овој проект е доста значаен за двете општини и представува размена на знаења како и промовирање на туристички производи. Потоа се обрати и градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев кој се заблагодари за поканата и остварената соработка помеѓу Демир Капија и Флорина.
Предавач на семинарот беше Проф. Евстатитиос Велисариу кој зборуваше на тема „Развој на туристички производ“ и даде осврт на почетоците на развојот на туризмот во Република Грција и моменталната состојба во туризмот во Република Грција.
Вториот дел од семинарот продолжи со излагање и презентација на Проф. Илектра Питошка која зборуваше за развојот во алтернативниот туризмот во селото Нивеста.
Вториот ден од семинарот беше посветен на посетата на селото Нивеста, карактеристично влашко село со градби исклучиво од камен што представува пример на развивање на алтернативен туризам во руралните средини преку искористување на средства од Европските фондови. Во селото се наоѓа и информативен центар за мечки форминаран од невладина организација Артуро која работи за заштита на мечката. Во склоп на информативниот центар за заштита на мечката се наоѓа и прифатилиште за заштита на мечката во кои се заштитени 11 мечки.