Активности од проектот EU DEFENCE

02.11.2022

Општина Демир Капија беше партнер во проектот “ Дебатирање за  европската иднина и медиумската писменост, како начин за справување со евроскептицизмот ” – “Debating the Future of Europe and Challenging Euroscepticism: a journey into media literacy to fight Eurosceptic narratives”. Овој проект беше финансиран од Европската унија преку програмата Европа за граѓаните. Во овој проект со свои партиципанти учествуваа 17 земји од кои што 14 земји се членки на Европската унија и 3 земји се кандидатки за членство во унијата.

 

Во рамките на овој проект Општина Демир Капија го организираше и беше домаќин на IV Интернационален состанок на кој што присуствуваа претставници од општини и граѓански здруженија од 16 земји од Европа.

https://opstinademirkapija.gov.mk/novosti/internacionalen-sostanok-proekt-eu-defence/

 

Skip to content