Иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и признанија за 2023 година.

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија бр.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и признанија за 2023 година.

  1. Иницијатива за доделување на награда “7-ми Ноември” и признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда “7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата “7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани, за особено значајни остварувања од интерес на општината.
  2. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.
  3. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија најдоцна до 27 Октомври 2023 година.

 

Претседател на Комисија за доделување награди и признанија,

Зоран Стојанов

Skip to content