Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година донесена со одлука бр.08-96011 од 26.12.2022, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 – лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други, на КП 142/2, КП 149/2, КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 – лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други, на КП 142/2, КП 149/2, КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија со тех. бр.228/22 од март 2023, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ Кавадарци.
Член 2
Проектниот опфат на Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 – лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други, на КП 142/2, КП 149/2, КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија ги опфаќа следните катастарски парцели: КП 142/2, КП 149/2, КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија;
Вкупната површина на опфат изнесува 45079 м2 или 4,5 ха.
Предмет на работа е Изменувaње и дополнување e урбанистички проект вон опфат на урбанистичи план со намена Г2.2-лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други на КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија, одобрен со Решение од Градоначалникот на Општина Демир Капија со УПI10-25 од 15.04.2022 година, во кој е дефинирана една градежна парцела со намена Г2.2-лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други.
Изработката на Изменувaње и дополнување e урбанистички проект вон опфат на урбанистичи план со намена Г2.2-лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други на КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија произлегува од потребата за промена на проектниот опфат и дооформување на КП 142/2 и КП 149/2, КО Корешница, Општина Демир Капија.
Член 3
Јавниот увид на Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 – лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други, на КП 142/2, КП 149/2, КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир со тех. бр.228/22 од март 2023, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ Кавадарци се спроведува електронски, со објавување на соопштението и проектот на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk.
Јавниот увид трае 15 (петнаесет) дена, во периодот од 22.05.2023 до 05.06.2023, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Општина Демир Капија.
- Изменување и дополнување на урбанистички проект вон опфат со намена Г2.2 Корешница
- Соопштение за јавен увид на Урбанистички проект
- Анкетен лист за јавен увид
Градоначалник
Лазар Петров