Јавен повик за пријавување на лица за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О.

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2023
За пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на
Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О. Демир Капија

 

Јавниот повик се однесува за пријавување на заинтересирани лица за избор на

– 2 (два) члена во Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О. Демир Капија, со мандат до истекот на мандатот на постојниот состав.

Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О. Демир Капија е основано од Советот на Општина Демир Капија со приоритена дејност 36.00 – Собирање, обработка и снабдување со вода.

Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот одбор ги има следните работни задачи, одговорности и обврски и тоа:

  1. Го донесува статутот на јавното претпријатие;
  2. Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
  3. Ја утврдува деловната политика;
  4. Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
  5. Одлучува за употребата на средствата остварени со работењето на јавното претпријатие и покривањето на загубите;
  6. Ги донесува одлуките за инвестиции;
  7. Ги утврдува цените на производите и услугите;
  8. Одлучува за внатрешна организација на јавното претпријатие;
  9. Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените;
  10. Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие.

 

Претседателот и членовите на управниот одбор имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие. Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на УО поединечно, не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

Висината на месечниот надоместок за претседателот и членовите на УО ја утврдува основачот на јавното претпријатие.

 

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат следните услови:

–  е државјанин на Република Северна Македонија,

– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

– да има соодветно работно искуство, односно кандидатот да исполнува и еден од следните наведени услови и тоа:

  • најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста ја јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од Државниот завод за статистика,
  • најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
  • најмалку три години работно искуство од областа на правните работи,
  • најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

 

Заинтересираните кандидати со пријавата потребно е да ја достават следната документација:

  1. Државјанство на Република Северна Македонија,
  2. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
  3. Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  4. Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;
  5. Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација;
  6. Кратка биографија,
  7. Писмо за интерес/мотивација,
  8. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

 

Рок, начин и место на поднесување на пријавата

Заинтересираните кандидати потребата документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета пријава на образец за пријавување (кој е прилог кон повикот) може да ја достават до:

Општина Демир Капија ул.Маршал Тито 15Б 1442 Демир Капија или во архива на Општина Демир Капија (со назнака: “За Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈКП Бошава Демир Капија”) најдоцна до 20.12.2023 година.

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

 

Постапката за селекција на кандидатите за членови на управен одбор на јавното претпријатие ќе ја спроведе Комисијата формирана од Советот на општина Демир Капија согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (“Службен весник на РСМ” бр.283/22), и се состои од две фази и тоа:

  • Фаза 1 – административна селекција (се состои од проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени од јавниот повик, проверка на доставените докази и нивно бодување) и
  • Фаза 2 – интервју.

 

Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Демир Капија: www.opstinademirkapija.gov.mk.

 

Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Јавниот повик се објавува на ден 05.12.2023 година на веб страната на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk.

Бр.08-870/1
04.12.2023 година
Демир Капија

Претседател на Советот на
Општина Демир Капија

Оливер Недев

 

Skip to content