ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И РАСПРАВА по Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење со намена градби за производство на енергија на дел од КП 1246, КП 934, на дел од КП 935/1, на дел од КП 935/2, КП 935/3 и на дел од КП 949, КО Бистренци, општина Демир Капија

Архивски број : 67- 340/3

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 171/22), како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 147/08), Министерот на Министерство за транспорт и врски организира

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И РАСПРАВА ПО
Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење со намена градби за производство на енергија на дел од КП 1246, КП 934, на дел од КП 935/1, на дел од КП 935/2, КП 935/3 и на дел од КП 949, КО Бистренци, општина Демир Капија

Се известуваат граѓаните, правните и физички лица дека се организира Јавна презентација и расправа за Нацрт Извештај за Стратегиска оценка на влијанието врз животната средина за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење со намена градби за производство на енергија на дел од КП 1246, КП 934, на дел од КП 935/1, на дел од КП 935/2, КП 935/3 и на дел од КП 949, КО Бистренци, општина Демир Капија.
Јавната презентација и расправа на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи на ден 13.02.2024 година (вторник) во 11:00 часот, во просториите на општина Демир Капија.
Одлуката за спроведување Стратегиска оценка на влијание врз животната средина од Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење со намена градби за производство на енергија на дел од КП 1246, КП 934, на дел од КП 935/1, на дел од КП 935/2, КП 935/3 и на дел од КП 949, КО Бистренци, општина Демир Капија, е дoнесена на 11.12.2023 година и може да се погледне на следниот линк: http://www.mtc.gov.mk/Sozzs/2-27  .
Нацрт Извештајот за Стратегиска оценка на влијание врз животната средина од Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење со намена градби за производство на енергија на дел од КП 1246, КП 934, на дел од КП 935/1, на дел од КП 935/2, КП 935/3 и на дел од КП 949, КО Бистренци, општина Демир Капија“, беше објавен на 22.01.2024 година на web страната на Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk/Sozzs/1-133) и се уште може да се погледне на истиот линк.
Министерството за транспорт и врски ја информира заинтересираната јавност дека до 23.02.2024 година сите заинтересирани можат да ги доставуваат своите забелешки, мислења и сугестии до Министерството за транспорт и врски, ул. Плоштад Црвена Скопска Општина бр.4, 1000 Скопје, или на електронските адреси на Министерството за транспорт и врски: aleksandar.karangelov@mtc.gov.mk, vesna.markovska@mtc.gov.mk и aleksandra.jovikj@mtc.gov.mk.

МИНИСТЕР
БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ

Изработил: Александра Јовиќ, диа
Проверил: Весна Марковска Андриевска, диа
Раководител на сектор за уредување на просторот

Јавна презентација и расправа

Skip to content