ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Локален еколошки акциски план за животната средина (ЛЕАП 2022-2027) за Општина Демир Капија

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 164/12 93/13, 163/13, 42/14, 44/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 147/11), Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното 

СООПШТЕНИЕ 

за одржување на 

 

ЈАВНА РАСПРАВА по

Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Локален еколошки акциски план за животната средина (ЛЕАП 2022-2027) за
Општина Демир Капија

Јавната расправа по Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Локален еколошки акциски план за животната средина (ЛЕАП 2022-2027) за Општина Демир Капија ќе се оддржи во периодот од 15.11.2023 до 15.12.2023.

Јавната презентација на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи на ден 06.12.2023 година (среда) во 11:00 часот, во просториите на Општина Демир Капија.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе биде достапен на увид на јавноста на web страната на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и во просториите на Општина Демир Капија секој работен ден од 08 до 16 часот.

Заинтерисираните граѓани и правни лица во перидот на одржување на јавната расправа и за време на јавната презентација можат да учествуваат и да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења доставени по електронски пат или по пошта до Општина Демир Капија.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Лазар Петров

 

 

Skip to content