КОНКУРС За стипендирање на ученици и студенти за учебната 2022/2023 година

14.09.2022

Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија согласно член 3 од Одлуката за утврдување начин на стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија (Службен гласник на Општина Демир Капија бр.7/22) и член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во Општина Демир Капија (Службен гласник на Општина Демир Капија бр.9/22), на ден 14.09.2022 година објавува

 

КОНКУРС

За стипендирање на ученици и студенти за учебната 2022/2023 година

 

За учебната 2022/2023 година, Општина Демир Капија ќе додели:

  • 3 (три) стипендии на ученици од III и IV година во средно образование. 

Стипендијата е во висина од 2.000,00 денари месечно за ученици, а се исплатува 9 месеци во годината.

  • 3 (три) стипендии на редовни студенти запишани на прв циклус студии на државни факултети во РСМ, со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. 

Стипендијата е во висина од 3.000,00 денари месечно за студенти, а се исплатува 9 месеци во годината.

Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во општина Демир Капија и според наведените критериуми освоиле најмногу бодови.
  2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во општина Демир Капија и според наведените критериуми освоиле најмногу бодови а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од најмалку 8,50.
  3. Да се жители на Општина Демир Капија и
  4. Да се државјани на Република Северна Македонија.

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

  1. Пријава од ученикот/ студентот;
  2. Документи за утврдување на материјално-финансиската состојба на апликантот:
  • За вработените членови на семејството да се достават потврди  за остварена плата за последните три месеци сметано до денот на поднесувањето на пријавата, или доколку до овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последно исплатената плата за оваа година (за родителите/старателите да се достави плата заверена од работодавецот),
  • За пензионираните членови на семејството да се достави документ (чек) за висината на последно исплатената пензија,
  • За разведените родители да се достави доказ за разводот, односно ако апликантот користи алиментација од родителот истата да се прикаже како месечен приход,
  • За корисниците на социјалната помош да се достави последното решение за корисник на гарантиран минимален приход,
  • За невработените членови на семејството на апликантот да се достават потврди од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени или примаат месечен надоместок,
  • За инвалидитет да се достават наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој,
  • За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето односно факултетот или друга институција,
  • Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи од претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал…), за родителите/старателите, кандидатот и другите членови на неговото потесно семејство.
  1. Нотарски заверена изјава од апликантот дека доставените документи се вистинити и дека податоците одговараат на прикажаната состојба.

Апликантите за добивање ученичка стипендија, дополнително треба да достават:
•   Фотокопија од лична карта или пасош од родителите со кој се потврдува жителството;
•    Свидетелство за континуиран одличен успех;
•    Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари;
•    Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари;
Апликантите за добивање студентска стипендија, дополнително треба да достават:
•    Фотокопија од лична карта на студентот;
•    Доказ за положени испити;
•   Потврда од високо образовната институција за редовно запишана студиска година;
•    Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари;
•    Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари;
•    Потврда за објавени стручни трудови;

Место и рок за поднесување на документите

Рокот за поднесување на документите е од 15.09.2022 година до 30.09.2022 година.

Пријавите со потребните документи се поднесуваат на следната адреса: Општина Демир Капија со назнака: За јавен конкурс за стипендирање на ученици и студенти.

Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да се разгледуваат.

Одлуката за избор на ученици и студенти ќе биде објавена на огласна табла во општината, на веб страната на општината и во Службен гласник на Општина Демир Капија.

Незадоволните кандидати имаат право на приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на одлуката за избор. Приговорот се поднесува во писмена форма.

 

Претседател на Комисија

Панче Лазаров

 

Skip to content