ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за
Контролната листа на ПУЖССА за „ Рехабилитација на локален пат Демир Капија- Попова Кула во Општина Демир Капија”
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Демир Капија аплицираше со проект за „Рехабилитација на локален пат Демир Капија – Попова Кула во Општина Демир Капија”.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 22.12.2022 година официјалните веб страници на:
- Општина Демир Капија: Општина Демир Капија (opstinademirkapija.gov.mk)
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk
- МТВ: http://mtc.gov.mk
Вашите коментари може да ги доставите со пополнување на формуларот во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.