Нацрт план – измена и дополнување на ДУП за дел од блок 12 опфат 2 – Општина Демир Капија

Врз основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.32/20), член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02) и член 51 точка 8 од Статутот на Општина Демир Капија (Сл.гласник на општина Демир Капија бр.8/97) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2022 година со Одлука бр. 08-836/16 од 28.12.2021 и Програма за измена и дополна на годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2022 година со Одлука бр. 08-278/11 од 15.04.2022 година од Советот на Општина Демир Капија, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по 

НАЦРТ ПЛАН – ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ДЕЛ ОД 

БЛОК 12 ОПФАТ 2, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА 

 

Границата на планскиот опфат Измена и дополнување на ДУП, за дел од Блок 12 -Опфат 2, Општина Демир Капија, (2022 – 2027), е затворена полигонална линија која започнува од крстосницата на станбената ул. „11-ти Октомври” со станбената ул.„Јане Сандански”, на северо-западната страна, продолжува кон исток по станбената улица „11-ти Октомври”, која освен на север, продолжува и на источната страна и оди се до вкрстосувањето со собирната ул. „1 “, свртува по неа целосно кон запад, до вкрстосувањето на ул.„1 ” со станбената улица „11-ти Октомври”, која што е долж опфатот на западната страна и завршува со крстосницата на станбената ул. „11-ти Октомври” со станбената ул.„Јане Сандански”, каде што започнува.

 

Површината на опишаниот опфат изнесува П=1ха (10417.79m2)

 

Јавната анкета и јавната презентација по Нацрт план – Измена и дополнување на ДУП за дел од блок 12 – опфат 2, Општина Демир Капија, плански период 2022-2027, ќе се спроведе со излагање на нацрт планот во просториите на Општина Демир Капија.

Јавната анкета ќе трае 30 дена, од 06.01.2023 до 06.02.2023, а јавната презентација, односно стручното презентирање ќе се одржи на 24.01.2023 год. во просториите на Општина Демир Капија со почеток од 13:00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

 

 

Skip to content