Здружението за развој „Хуманост“ во соработка со неговиот партнер КМОП (Грција) има потреба од еден (1) физиотерапевт за работа со полно работно време во станбени единици за поддржано живеење во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во градот Демир Капија, во рамките на проектот финансиран од ЕУ (EuropeAid) „ОАСИС: Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење“ во Република Северна Македонија.